На социјалните мрежи се шири апел за помош за исчезната брачна двојка од Србија во Грција. Тоа се Мирка и Миле Милосављевиќ од Деспотовац, кои во неделата пристигнале во Паралија и оттогаш се водат како исчезнати.
Мирка и Миле штом пристигнале нашле соба во близина на плажата и ги контактирале ќерката и синот. Оттогаш нивните деца безуспешно се обидуваат да ги добијат, но тие се недостапни.
„Тие стапија во контакт со полицијата во Катерини и добија известување дека немаат информации дека нешто им се случило на овие луѓе. Затоа би ве замолил сите кои го читате ова и сте во Паралија, доколку ја видите оваа двојка, известете ги дека децата ги бараат и дека се загрижени. Стигнаа таму со црн автомобил БМВ, помал од серијата БМВ и имаат таблички од Деспотовац, што значи ДЕ“, се наведува во апелот објавен во Фејсбук групата „Грчка инфо“.
Децата велат дека родителите немале резервирано сместување, туку таму го нашле кога стигнале и дека станува збор за стан на првата улица покрај морето.
Објавата предизвика голем број коментари:
„Ако добро разбрав, не ги контактирале децата само еден ден. Ние не контактираме со децата секој ден, а ниту тие не контактираат“.