Почина Милена Јовичиќ (37) од Смедерево, за чие лекување беа собрани пари. Милена била мајка на двегодишен син, јавуваат српските медиуми.

Поради силни болки во стомакот, по деталните анализи и е дијагностициран рак на желудник во напредна фаза. Присуството на слободна течност на неколку места во внатрешноста на абдоменот и малата карлица дополнително ја усложни нејзината и онака тешка состојба.

Не можеше да се изврши операција, поради што лекарскиот совет ја утврди хемотерапијата што требаше да ја прими Милена. Поради лошата крвна слика и лошата целокупна здравствена состојба, ниту тоа не беше можно.

Последната надеж на Милена беше приватната клиника во Белград која требаше да и го зајакне телото со целни терапии, да и го подобри општото здравје за да може да добие циклус од шест биолошки терапии, по што ќе се создадеа услови за операција во земјата или во странство.

– Милена, за жал, не доби шанса да се бори… Замина …. Сите верувавме во чудо и јас одбивам да верувам дека чуда не постојат, но нашата Милена беше заобиколена… Се се случи брзо, за помалку од два месеци, уште не сфативме дека е болна, а ја нема… Не можам ни да помислам како сега е на подобро место, затоа што … каде може да ни биде подобро отколку до оние кои ги сакаме… затоа и не знам што да кажам… освен што сум тажна, стои во објава на Фејсбук.