Пироќанецот Панта Петровиќ, познат по тоа што живее во пештера веќе 15 години, неодамна беше вакциниран и ги повика сите да се вакцинираат во што поголем број. Светскиот милијардер Илон Маск на Твитер го поддржа потегот на Панта и испрати силна порака до неговите следбеници.

Панта Петровиќ го привлече вниманието не само на домашните, туку и на светските медиуми, кои ја пренесоа неговата необична приказна.

Имено, Панта донесе одлука животот да го помине во пештерите на Стара Планина, бидејќи, како што вели, таму има целосна слобода и воопшто не се кае за тоа. Иако поминува време далеку од цивилизацијата, тој сепак сакал да прими вакцина против коронавирус, а потоа стана вистинска интернет сензација.

„Ја примив првата доза од вакцината, очекувам повик за втората доза. Не мислев многу, сите мои пријатели и другари беа вакцинирани и апелирам до сите да се вакцинираат, бидејќи ние, особено луѓето од селото, сме загрозени. Корона вирусот лесно може да дојде од градот до селото, шумата, каде и да има луѓе“, рече Петровиќ.

Панта е доказ дека добар глас се слуша далеку, а светскиот милијардер и сопственик на компанијата Тесла, Илон Маск, кој неодамна полета во вселенската орбита, слушнал за неговата необична приказна.

На својот Твитер профил, тој ја сподели приказната за Панта Петровиќ, во која се вели „дека српскиот осаменик во пештерата бил вакциниран и ги поканил другите да го следат неговиот пример“.