Мина Кухарчик од Полска добро ќе ја памети новогодишната забава на работа.

Деталите од таа прослава таа ги откри на Фејсбук, а ги пренесува порталот „Салон24“.

Како што напишала, ја „понеле“ добрата атмосфера и песните, што резултирало со пиење повеќе алкохол. По третата пијачка решила да флертува со двајца колеги.

– Не работеа во мојот сектор, но се среќававме на паузите. Ми пријдоа на прославата и малку по малку сите се опијанивме. Во еден момент отидовме во собата зад соблекувалната и таму ја направив најголемата глупост во мојот живот. Не знаев што правам, а тие го искористија тоа. Немаше силување, се согласив на се. Едноставно сакав да бидам дел од некоја епизода на разврат. Откако спиев со двајцата, се вративме на забавата – напиша таа на форумот на Фејсбук.

Еден од колегите потоа повикал такси и таа некако успеала да стигне дома.

– Бидејќи беше четврток, го имавме тој последен ден на работа пред Нова година. Успеав да се облечам и да се нашминкам и навреме стигнав на работа. Но, по само половина час, шефицата ме покани кај неа дома, велејќи ми да не доаѓам повторно на работа по Нова година. Еден од овие колеги ме сликал за време на се*сот на забава и испратил, исто и тој толку пијан, слики на другите колеги. Сликите стигнале и до мојот сектор и добив отказ – се пожали Мина, која сега пронашла работа во друга индустрија.

Фотографиите биле споделени без дозвола на лицето, во овој случај Мина, а спаѓаат под дигитално насилство кое е казниво. Значи фотографиите биле направени без нејзино знаење, но и биле споделени без нејзино знаење.