БЕЛГРАД – Музичкиот уредник Владан Милановиќ почина утрово, нешто пред 8 часот.

Владан Милановиќ, долгогодишен музички уредник на белградски радио станици, почина во својот стан во улицата Кнегиње Зорке во Белград.

Пред неколку дена, по тридневна потрага, Милановиќ беше пронајден без свест кај Звездара. Него тогаш го пронајдоа припадниците на полициската бригада.

Веднаш потоа, тој бил префрлен во Ургентниот центар, каде што му бил дијагностициран пад на шеќерот во крвта. По закрепнувањето, најверојатно бил пуштен дома, а утрово бил пронајден мртов во својот стан.

Тој беше баран во изминатата недела.