Почина кардиологот д-р Агим Зеќири. Веста ја објави министерот за здравство Арбен Таравари, кој истакна дека тоа е негов близок пријател.
„Денес сум трогнат од загубата на еден мој многу близок пријател, кардиологот д-р Агим Зеќири. Во текот на целиот свој живот, тој се грижеше не само да ги излекува срцата на луѓето, туку и да им подари добрина и позитивност. Нека е лесна земјата, докторе Агим! Денес ни ги исполни срцата со тага“, напиша Таравари