30-годишна трудница во Пакистан брутално е убиена од рацете на нејзината свекрва која ја распарчила. Според тамошните медиуми, Зара Биби била во седмиот месец од бременоста кога била нападната од нејзината свекрва, која откако ја убила, со помош на роднините ја распарчила и отсечените делови ги расфрлала во различни делови на градот Даск.
Злосторството било откриено кога полицијата во три вреќи со ѓубре пронашла делови од 30-годишната жена, која била исчезната од минатата недела.
Мислела дека го завела нејзиниот син со магија
Признавајќи го убиството, свекрвата на 30-годишната Биби, наводно изјавила дека се сомневала дека нејзината снаа се занимава со вештерство, но и пречело и тоа што нејзиниот син, Кадир, испраќал пари на неговиот жена наместо неа.
„Четворицата осомничени за убиството го покриле лицето на Зара со перница додека таа спиела. Потоа и го запалиле лицето, и го распарчиле телото и ги фрлиле парчињата во вреќи“, го опиша бруталното злосторство портпарол на полицијата.
Зара беше во брак со Кадир Ахмед четири години и заедно имаа четиригодишен син. Семејството живеело во Саудиска Арабија, а Зара се вратила во Пакистан пред две недели.
Нејзиниот татко, Шабир Ахмед, тврди дека семејството на Кадир било љубоморно на неговата ќерка бидејќи таа живеела во странство.
Освен свекрвата на Зара, уапсени се уште четири лица – нејзината ќерка Јасмин, нејзиниот внук Хамза, далечен роднина по име Навид и уште еден роднина на свекрвата.