Џиада Занола (34) беше пронајдена мртва на 29 мај во зори на автопатот во Падова по мистериозниот пад од мостот А4.

По падот, несреќната девојка жива лежела на автопатот, многу автомобили успеале да ја избегнат, но во неа удрил камион и таа останала мртва на лице место.

Според првата верзија, се сомневало дека жената се самоубила скокајќи од мостот, но вистината е многу потрагична. Имено, Џиада наводно била истуркана од мостот од нејзиниот долгогодишен партнер Андреа Фаверо, со кој има тригодишно дете.

До ова сознание дошле агенти од Падова и Венеција во текот на ноќта бидејќи во полиција се пријавил осомничениот 39-годишен маж, партнер на трагично загинатата жена.

Мажот контактирал со обвинителот и наводно му признал што ѝ направил на својата партнерка.

Двојката која има тригодишно дете, веќе звесно време поминувала низ криза, а според полициската реконструкција, убиството се случило во екот на расправијата.

Партнерите биле на мостот на автопатот, недалеку од нивната куќа, а мажот наводно ја фрлил жената преку оградата. Некои автомобили успеале да го избегнат телото, но во неа удрил камион и таа останала мртва на лице место.

Осомничениот (39) моментално е во притвор каде ќе го чека почетокот на судскиот процес за убиство.