Со какви предизвици се соочуваат луѓето во Украина коишто наместо да се засолнат во бункери остануваат „на отворено“ да волонтираат за војниците, говори и приказната на оваа инструкторка по пливање која останала затрупана под урнатините.

Ајуна Морозова која работи како инструктор по пливање на социјалните мрежи и во официјално писмо до Украинската Пливачка Асоцијација го сподели своето хорор искуство, како два часа била затрупана под урнатините во Харков по бомбардирањата.

За среќа, Ајуна била спасена откако друга волнотерка успеала да ги слушне нејзините повици за помош.

„Жива сум, делумно безбедна и мошне вознемирена“ – вели таа во своето обраќање.

Во писмото напишано до Федерацијата Ајуна раскажува:

„Бев во приземниот кат од зградата и работев како волонтер – послужував храна за војниците. Не можев да останам настрана затоа што ова е мојата земја и планирам еден ден да станам Министер за млади и спорт.

Лежев под урнатините два часа и се молев на Бог на сите јазици што ги знам. Не можев да се движам и плачев, мислев дека ќе останам жива закопана. Ме најдоа во подрумот.

Бог да ја благослови мојата спасителка Жења која ги слушна моите повици за помош и веднаш ги повика другите да дојдат и да ме откопаат“.

Ајуна на социјалните мрежи денес сподели дека се чувствува подобро, но дека сѐ уште ѝ одѕвонува во ушите. Нејзините фотографии се споделуваат на социјалните мрежи: