Златни прачки, накит, садови и многу вредни ковалици (парички) се само дел од содржината која се наоѓа во мистериозниот сеф со број 55 на поранешниот доживотен претседател на СФР Југославија, Јосип Броз Тито.

Семејството Караѓорѓевиќ во судски процес бара да му се врати содржината од сефот.

-Само една од тие прички вреди колку три стана во Белград, тврди за српските медиуми адвокатот Зоран Живановиќ, правниот застапник на семејсвото на Александар Караѓорѓевиќ.

Сите ови вредни и скапоцени предмети се наоѓаат во 11 платнени вреќи во сефот на Народната ванка на Србија, каде ќе останат се додека оставинската постапка за имотот на Јосип Броз Тито не добие правосилно решение.Но, и постапката со која своето наследство го бараат и потомците на семејството Караѓорѓевиќ.

Инаку сефот 55 на Јосип Броз Тито е отворен во април во 2013 година од тричлена комисија составена од страна на српскиот претседателТомиславНиколиќ.

Инаку сите драгоцени работи од сефот се попишани уште во 1982 година, две години по смртта на Тито. Накитот, златните прачки , вредните монети се најдени во просториите кои ги користел легендарниот претседател.

Во нјануари годинава Првиот основен суд во Белград го одби барањето на наследниците на Тито за добивање на работите од сефот, а не е прифатено ниту побарувањето на семејството Караѓорѓевиќ.