Страшната смрт на Драган Паниќ од околината на Белград на бродот MSC Adelaide, на кој што во Џенова беше пронајден половина тон кокаин, останува мистерија.

поред информациите кои ги пренесуваат италијанските медиуми, обдукцијата на Србинот е завршена, а она што го објавија е дека раната на вратот е длабока, пренесува Блиц.

Наведуваат и дека покрај телото, на српски биле напишани и реченици во кои тој „се молел на Бога да го земе при себе и го моли семејството за прошка“. Иако ваквите работи укажуваат на самоубиство, она што создава сомнеж е дека оружјето не е пронајдено, пишува Блиц.

Членовите на екипажот рекле дека мавтал со жилет по бродот, но жилетот не бил пронајден. „Екипажот на бродот рече дека видел Србин со жилет како оди по пловилото, но чудно е што покрај неговото тело не е пронајден жилет.

„Истражителите уапсија двајца мажи што ги пронајдоа на бродот. Еден од нив беше фатен како зема кеси од контејнерот поставен во простор со видео надзор. Вредноста на запленетата дрога на пазарот би била 30 милиони евра“, додаваат тие.

Семејството и соседите на починатиот тврдат дека тој никогаш не би се самоубил и сите се држат до една теорија, а тоа е дека Драган бил на погрешно место во погрешно време. „Без разлика дали било самоубиство. Беше силен човек, способен и моќен. Има прекрасно семејство, тргна да заработи за нив… Видел нешто што не требаше“, велат неговите роднини од околината на Белград.

Ја исклучуваат и можноста тој да бил вмешан во шверцот на кокаин. „Никогаш не правел проблем овде, ни таму, не правел незаконски бизнис, бил добар, мирен, вреден, работел во Рафинерија, подоцна отишол на брод“, велат тие.

Инаку, кокаинот најпрво бил откриен откако забележале дека некој се врти околу него во текот на ноќта, а дури потоа Драган бил пронајден мртов. „Пристанишен работник бил уапсен на дело кога истоварал контејнер со 14 вреќи чист кокаин. По апсењето полицијата влегла во бродот и пронашла заклан маж од Србија“, пишуваат италијанските медиуми.

Бродот пристигнал од Бразил, а кокаинот бил скриен во делот каде што се наоѓало кафето. Телото било пронајдено пред неколку дена, откако било утврдено дека на бродот се превезувала поголема количина кокаин.

Пристанишниот работник е уапсен „ин флагранти“ кога истоварал контејнер со 14 вреќи чист кокаин. По апсењето, полицијата се качила на бродот и го пронашла закланиот од Србија, објавија италијанските медиуми.

Тамошните истражители истражуваат дали смртта на српски државјанин е поврзана со пратката кокаин.

Во медиумите се појавија и информации дека еден од осомничените изјавил дека Србин се самоубил сечејќи си го вратот со жилет, објави Блиц .