Голема трагедија ја потресе Босна и Херцеговина, откако 24 годишниот Владимир Тешиќ. беше пронајден мртов на островот Свети Стефан во близина на Будва на црногорското приморје, додека бил на летен одмор.

Младото момче без знаци на живот било пронајдено во апартман во населбата Шумет, по што веднаш била повикана полиција и екипа на Брза помош, која за жал можела само да ја констатира смртта, пренесува Српскаинфо.

Инспекторите на Безбедносниот центар Будва спровеле истрага по наредба на Виш државен обвинител, а телото на младиот човек било испратено на обдукција.

Како што дознава порталот „Аваз“ од извор близок до истрагата, од црногорската полиција, ноќта пред кобниот настан, Владимир бил на забава со своите пријатели и уште неколку помлади луѓе од соседните апартмани.

Според прелиминарните резултати од медицинскиот преглед на телото, смртта настапила со задушување. Телото на младиот човек е испратено на обдукција, чии наоди ќе ја потврдат точната причина за смртта.

Сослушани пријатели на момчето

Медиумите јавуваат дека исто така, пријателите на младото момче дале изјави пред инспекторите за неговите движења претходната ноќ.

Заедно со нив, во својство на граѓани изјави дале и неколку туристи од Србија кои биле во контакт со В.Т. и неговите пријатели. Тие биле сместени во следниот апартман.

– Семејството на несреќниот млад човек многу тешко ја поднесе трагичната вест, како и неговите пријатели. Од извор близок до истрагата, Аваз дознава дека инспекторите брзаат да ги расветлат сите околности што довеле до смрт на младиот човек, објави сараевски „Аваз“.

„Аваз“: Момчето се задушило од повраќање?!

Обдукцијата на телото ќе ја покаже точната причина за смртта на младиот Владимир, чиј летен одмор со пријателите заврши трагично.

– Прелиминарниот преглед на телото на младото момче утврди дека неговата смрт настапила од задушување поради повраќање. Имено, како што ни откри извор од црногорската полиција, кој е близок до истрагата, на телото не се забележани траги од насилство, но дополнително, ќе се спроведе опсежна истрага, пишува „Аваз“.

Ноќта пред кобниот настан, Тешиќ бил на забава со своите пријатели и уште неколку помлади луѓе од соседните станови лоцирани во населбата Шумет.