Во протсторија на Прифатен центар на Обреновачки пат во Србија, денеска во локва крв е пронајдено тело на млад маж на возраст од околу 20 години, а се уште не се знае дали се работи за самоубиство или убиство.
Српските медиуми затекнаа седум лица пред прифатниот центар, видно потресени.
На местото на настанот има и расплакана жена која во моментов разговара со припадници на МВР, но сè уште не е позната нејзината врска со младиот човек.
– Како што неофицијално дознаваме, семејството на младиот човек е по потекло од Косово, објавија медиумите.
Младиот човек пронајден помеѓу два ормари?
Според Телеграф, младиот човек наводно бил пронајден меѓу два ормари. Неговото тело го пронашла неговата тетка, а според овој портал бил на посета кај својот братучед од тетка.
Екипата на итната помош го однела телото на младиот човек од зградата пред која бил пронајден. Станува збор за камп кој се користи за колективно сместување.
📸
📸
📸