Флоријан Б.(31) бил застрелан вчера вечерта пред куќата во која живеел во Хамбург. Германските медиуми јавуваат дека младиот бизнисмен, кој своето богатство го стекнал со недвижен имот, најверојатно бил убиен во заседа.
Откако бил застрелан, Флоријан успеал да повика помош и да ги алармира соседите, но за жал Брзата помош пристигнала предоцна, објави Билд.
Соседите кои ги слушнале истрелите велат дека виделе непознато машко лице облечено во црно како трча. Се верува дека убиецот е на возраст од 30 до 40 години и дека има „јужен изглед“.
„Во еден момент додека трчаше стави нешто во јакната, најверојатно пиштол“, рекол соседот.
По убиството на младиот бизнисмен, полицијата почнала да трага по убиецот, но тој се уште не е пронајден. Инспекторите сега се обидуваат да го откријат можниот мотив за злосторството.
Портпаролот на полицијата изјави дека засега нема осомничени. Германските медиуми пишуваат дека Флоријан важел за млад и многу амбициозен бизнисмен кој често се преселувал во елитните кругови во Хамбург.
По завршувањето на факултетот почнал да работи со недвижнини. Минатиот месец тој започнал сопствен бизнис и почнал да продава висококвалитетни ергели за коњи.