На социјалните мрежи се шири фотографија од адвокатката Лејла Нумановиќ од Сараево, која нема никаква врска со судијката од Градачац со исто име, која не му забрани на монструмот Нермин Сулејмановиќ пристап до сопругата. Поради истото име и презиме, таа стана цел на напади преку социјалните мрежи.
Член на семејството на младата адвокатка од Сараево контактирал со реакцијата на Кликс за да се пренесе точната информација во јавноста и да се спречи јавниот линч на оваа девојка.
Имено, судијката на Општинскиот суд од Градачац Лејла Нумановиќ во понеделникот одбила да му забрани на убиецот Нермин Сулејмановиќ да ѝ се приближува на сопругата Низама, четири дена подоцна Нермин ја уби невенчаната сопрѕга..