Во вторникот вечерта во општина Матуље кај Риека се случил обид за убиство, објави хрватската полиција, пренесуваат тамошните медиуми.

Спроведена е кривична истрага против двајца хрватски државјани на возраст од 36 и 53 години поради сомнение дека сториле кривично дело обид за убиство и помагање на сторителот по извршувањето на делото.

Споменатиот 36-годишен маж е осомничен дека во вторникот околу 21:00 часот во стан во месноста Матуље со истрел од пиштол повредил 23-годишна хрватска државјанка.

Недолго потоа, на местото на настанот пристигнал второпријавениот 53-годишен и му помогнал на 36-годишниот да ја пренесе повредената девојка до лично возило, со кое 36-годишниот потоа ја однел во КБЦ Риека.

Освен тоа, за да му помогне на првоосомничениот, 53-годишниот маж сокрил индиции кои се поврзани со извршување на делото.

На повредената 23-годишна жена и била укажана лекарска помош во КБЦ Риека, каде била задржана. Животот на повредената девојка е во опасност.

По завршување на кривичната истрага, осомничените се кривично пријавени до надлежното државно правобранителство, а 36-годишникот е во притвор.