Девојка (28), српско-германска државјанка е пронајдена мртва покрај регионалниот пат во Хермескајл, Германија, а полицијата го приведе Денис М. (34) под сомнение за убиство.

Телото на девојката е пронајдено во раните утрински часови на 5 јуни, во близина на клупа на одморалиштето, каде што туристите и локалното население често застануваат да уживаат во зеленилото.

Според извештаите, телото го пронашол возачот, кој застанал таму за да се одмори. Идентитетот на жртвата не е објавен, а медиумите известуваат дека станува збор за девојка по потекло од Србија.

Првите податоци од истрагата покажуваат дека таа е убиена со огнено оружје, а приведениот Денис М. (34) е нејзин познаник.

Што точно му претходело на убиството, засега е непознато.

Резултатите од обдукцијата се во исчекување, но полицијата верува дека девојката е убиена уште во средата.

Денис, кој поседувал неколку оружја, бил пронајден и уапсен кратко време по пронаоѓањето на телото.

Тој бил уапсен во Вадерн, каде што живее.