Жител на Скопје пред два дена пријавил во полиција дека неговата сопруга го нападнала нивниот малолетен син во семејниот дом, соопшти полицијата во дневниот билтен.
„На 11.12.2024 во 14.02 часот во СВР Скопје, 37 – годишен маж пријавил дека на 09.12.2024 околу 12.00 часот во семејниот дом на подрачјето на Бит Пазар, неговата сопруга И.С.(31) од Скопје физички го нападнала нивниот малолетен син. По целосното документирање на случајот, ќе следува соодветна пријава“, велат од МВР.