По веста која ја објавивме синоќа за сообраќајна несреќа во Визбегово, Министерството за внатрешни работи (МВР) излезе со детали.

Синоќа во 21.00 часот млада девојка со нејзиното „порше“ излетала од пат и удрила во билборд.

– На 14.02.2023 во 21.00 часот било пријавено дека во Скопје на ул. „Јадранска Магистрала“ патничко моторно возило „порше“ со скопски регистарски ознаки управувано од М.А.(29) од Скопје удрило во метaлен столб-билборд. Нема повредени лица, причинета е само материјална штета. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, ни изјавија од МВР.