Фалсификувала белгиски пасош и онлајн билет за лет до Истанбул кои ги приложила за излез од Македонија.

Триесет и двегодишна турска државјанка, вчера околу 14:20 часот, била лишена од слобода од полициски службеници на граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“.

– На 07.01.2025 во 14.20 часот на Граничниот премин „Меѓународен аеродром Скопје“, на излез од државата, полициски службеници ја лишиле од слобода С.Д.(32) од Република Турција, затоа што при контрола приложила фалсификуван он-лајн билет за лет Скопје – Истанбул и фалсификувана белгиска патна исправа. Таа била задржана во Полициската станица Гази Баба за понатамошна постапка, стои во билтенот.