Во јуни минатата година повеќе медиуми пишуваа за хуманиот чин на Марија Шерифовиќ, која му помогна на Мустафа Хрустиќ од Зеница, кој спиеше под мост.

Марија Шерифовиќ застана зад него, му најде работа на градските базени, му плаќаше кирија за стан за една година, но и три оброци дневно во блискиот ресторан.

Сега се појави вест дека Мустафа бил избркан од станот, за кој Марија му ја платила киријата, а се огласила и сопственичката на станот која тврди дека Мустафа е обичен измамник.

Салиха не штеди лоши зборови, па тврди дека снимањето на Мустафа под мостот било чиста глума, со која сакал да добие сожалување и донации од луѓето. Таа го окарактеризира Хрустиќ како безделник, лажго, коцкар и алкохоличар, а кажала и дека е многу неуреден.

Да потсетиме, Марија минатата година на Мустафа му ја плати киријата за станот за следната година. Дала и пари за сметките, а менаџерот на пејачката по посетата на Марија го однел Мустафа во блискиот ресторан во родната Зеница, каде што додека тој сакал, ќе има бесплатни оброци.

– Мустафа е прекрасно момче, сигурно има илјадници вакви пример, изјави тогаш Марија.