Босанскиот пејач Емрах Емшо, кој и е познат и на нашата јавност по настапите во музичкото регионално шоу „Ѕвездите на Гранд“, доживеал непријатна ситуација во клубот во кој настапувал.

Имено, додека Емшо ја забавувал публиката забележал дека момче и девојка од толпата се расправаат, но како што често се случува, тој не обрнувал многу внимание.

Меѓутоа, во еден момент видел како младиот човек ја фатил девојката за коса и почнал да ја влече кон излезот од клубот. Во тој момент пејачот веднаш реагирал, го оставил микрофонот, скокнал од бината и ја одбранил девојката од насилниот млад човек заедно со обезбедувањето од клубот.

Момчето веднаш било исфрлено од клубот и кога се вратил на сцената, Емрах на микрофонот рекол:

– Девојки, не дозволувајте мажите вака да ве третираат. Ние сме посилната половина и треба да ве заштитиме, а да не бидеме насилни кон вас. А ти девојче избриши ги солзите и еве песна за тебе и твоето друштво.