Еден од најголемите ракометни таленти во Србија, Огњен Пејиќ, го загуби животот во сообраќајна несреќа која се случила на патниот правец Шабац – Ваљево, кај местото Драгиње.

Тешката сообраќајна несреќа била кобна за сите три лица од возилото „пежо 307“. Освен Пејиќ, на лице место починале и неговиот другар и другарка.

Според српските медиуми, патниците во возилото не користеле појас, а сударот се случил со тешко товарно возило кое било на спротивната коловозна лента.

Пејиќ имаше само 21 година, беше најдобар стрелец во клубот Металац од Ваљево и беше голема надеж во неговата родна земја.

Пејиќ на ракометниот турнир „Никола Јевремовиќ Гужва“, кој беше одржан во месец септември, беше прогласен за најдобар стрелец и за најкорисен играч.