Одбојкарскиот клуб Лаки Стар од Белград соопшти дека Милутин Остојиќ почина по долга и тешка борба со опасна болест.
– Со голема болка и тага во нашите срца денеска се простивме од нашиот Милутин Остојиќ, млад дечко кој ги бранеше боите на нашиот клуб во претходните сезони! Важеше за најрасположениот играч и секогаш со насмевка ги бодреше соиграчите. Не се плашеше од ништо, се бореше и на теренот и надвор од него. За жал, последниот меч го загуби со опасна болест, но неговата добрина и ведрина ќе продолжи да живее низ сите нас!-велат од клубот.