Необична приказна се појави на Редит каде што младоженец се пожалил на кумот, инаку пријател од детството.
„Свадбата требаше да биде нашиот најсреќен ден. Мојата сопруга и јас поминавме месеци планирајќи го секој детаљ, и сè испадна совршено – речиси“, напишал тој.
Човекот објаснил дека сѐ се одвивало според планот, сѐ до моментот кога кумот требало да го одржи својот говор.
„На почетокот ги слушавме вообичаените шеги, а потоа одеднаш се сврте кон својата девојка и почна да зборува за нивната врска. Пред да знам што се случува, тој клекна и ја запроси! Среде мојата свадба“.
Гостите замолчеле, а откако девојката кажала „да“ сите почнале да плескаат.
„Можев да почувствувам како мојата сопруга ме стиска за рака. Наместо гостите да го слават нашиот брак, тие беа фокусирани на кумот и неговата девојка“.
По првичниот шок, младоженецот му пришол на кумот и го изразил својот гнев и разочарување.
„Ми рече дека претерувам, дека мислел дека тоа ќе биде изненадување и претпоставувал дека ќе бидам среќен поради него. Му кажав дека е себичен, невнимателен и конечно го исфрлив од прославата“.
Пријателите на младенците сметале дека реакцијата била претерана и дека тој требало да заборави на сѐ заради долгогодишното пријателство. Од друга страна, невестата ја поддржала одлуката да го исфрли кумот од прославата.
На Reddit, корисниците главно биле на страната на младоженецот, критикувајќи го кумот за неговите постапки.