Денеска во Ниш се одржа судењето на Младен Гигиќ (20), кој е осомничен дека предизвикал сообраќајна незгода во која Јована Петковиќ (25) од Житораѓе се здобила со тешки телесни повреди, од кои по 10 дена починала во клиниката во Ниш.

Притворот на Младен беше укинат и тој ќе продолжи да се брани од домашен притвор под електронски надзор, пренесува Новости.рс.

Милјан Петковиќ, брат на покојната Јована, имаше само една порака:

– Тој ќе оди во домашен притвор и ќе ужива, а сестра ми ја нема. За време на несреќата, наместо да повика брза помош, најверојатно ги повикал родителите, што е скандал – рече тој.

– Ги повикувам луѓето да ги отворат очите и да внимаваат да не им се случи вакво нешто – вели братот на Јована.