Шинејд О’Конор на Твитер ја потврди веста дека починал нејзиниот 17-годишен син Шејн.

Ирската пејачка и кантавторка 55-годишната Шинејд О’Конор, на Твитер ја потврди трагичната вест за смртта на нејзиниот 17-годишен син.

– Мојот прекрасен син, светлината на мојот живот, сега е кај Бога. Нека почива во мир и никој нека не го следи неговиот пример. Душо моја. Многу те сакам – напиша пејачката на Твитер.

Нејзиниот син Шејн наводно исчезнал во четвртокот, а полицијата веднаш тргнала во потрага. Последен пат бил виден во населбата Талахт во јужен Даблин, а во саботата полицијата објавила дека потрагата е прекината, пишува Дејли Мејл. Странските медиуми пренесуваат дека младиот Шејн бил хоспитализиран по обидот за самоубиство и дека побегнал од болницата, а пејачката се заканила со тужба за болницата од која побегнал нејзиниот син.

„По откривањето на телото во Бреј, Виклоу, во петокот (7 јануари), истрагата за исчезнатиот 17-годишен Шејн О’Конор е прекината“, изјавил портпаролот на полицијата.

Пејачката има уште три деца, синот Џејк Рејнолдс (34), ќерката Роисин (25) и Јешу (15).