Младата пејачка и убавица од Дрина, Џејла Рамовиќ, била запросена од млад човек синоќа во ноќен клуб во Мостар.

Победничката на шоуто „Ѕвездите на Гранд“ била изненадена од потегот на младиот човек, кој застанал пред бината и држејќи прстен во рака рекол: „Те запросувам убавице!“.

Пејачката одговорила „Рано ми е“, а откако го земала прстенот, младиот човек и рекол „Ти го зеде прстенот, тоа е тоа“.

Сето тоа предизвикало воодушевување кај гостите во ноќниот клуб.