Луис Мекечни, демонстрант кој се врзал за статива на натпревар од Премиер лигата во март, пред судот изјавил дека не го сторил тоа, дека не е виновен што влетал на теренот и го прекинал натпреварот, пренесува Би-Би-Си.

Акцијата траеше речиси десет минути, во која еден член од обезбедувањето на стадионот конечно ја пресече врвката со клешти. Меккечни им пружил отпор на обезбедувањето кои успеале да го извлечат од теренот. Носел маица на која пишувало „Стоп за нафтата“. Пред неговиот протест, тој објави видео на социјалните мрежи во кое вели:

„Здраво, јас се викам Луис Меккечни, имам 21 година и сум студент по машински инженеринг. Ќе прекинам фудбалски натпревар и се плашам од тоа, но мислам дека многу луѓе треба да разберат што ни се подготвува во иднина.

Милијарди луѓе не знаат дека државите ќе станат премногу жешки за да опстанат. Ќе дојде до масовно гладување поради неуспех на културите. Ќе се бориме за леб во пекарите. Кризата со Ковид и војната во Украина се одраз на нашата иднина. Сакам мојата влада да направи сѐ што може за да го спречи ова, но таа само ги влошува работите и го зголемува ризикот.

Ги повикувам обичните луѓе да им се придружат на илјадниците демонстранти оваа пролет, стотици луѓе ќе се залагаат да не се произведува нова нафта и гас. Стоп за производство на нафта. Без размислување, тоа ќе ја запре штетата“, порача Меккечни.