Четири млади лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Ликано во Италија, која се случила додека се враќале од роденденската забава, јавија денеска италијанските медиуми.
Несреќата се случила во провинцијата Таранто, а загинале млади момчиња на возраст од 19 и 23 години, како и две 16-годишни девојки, јави националната телевизија РАИ.
Несреќата се случила на автопатот меѓу градовите Фаѓано и Ликано кога автомобилот во кој се наоѓале четири млади лица од засега неутврдени причини излетал од патот.
Сите четворица починале на лице место , соопшти полицијата, а истрагата ќе ги утврдува околностите на несреќата.
Жртвите се 23-годишниот Џорџо Масаро, кој го управувал возилото и тројца студенти: Паоло Маранџи (19), Џорџа Нардучи (16) и Анита ди Коста (16).
Тие се враќале од кафуле во Таранто, каде го прославиле роденденот на Паоло Маранџи, роден на 6 април.