Циркусот Хиподром вчера вечер мораше да го прекине своето шоу во Грејт Јармут, Англија, откако акробат доживеа несреќа додека изведуваше трик на т.н. џиновско тркало на смртта.
Публиката, во која имало и мали деца, со ужас гледала како мажот за кого се вели дека има 20-тина години, паѓа од 10 метри височина.
Организаторите велат дека мажот, кој се здобил со скршеници на коските, останал свесен, но божиќниот спектакл веднаш бил прекинат.
– Акробатот веднаш е префрлен во Универзитетската болница Џејмс Паџет, лекарите во текот на ноќта ја следеле неговата состојба и моментално е стабилен. Ваков немил настан е застрашувачки за сите инволвирани. На колегата од нашиот тим му посакуваме брзо закрепнување. Би сакале да ѝ се заблагодариме на публиката која беше многу разбрана и остана смирена по инцидентот – изјави портпаролот на циркусот за Би-Би-Си.
-Двајца од публиката, наводно, полицаец кој не бил на должност и болничар веднаш дошле на помош. Акробатот очигледно погрешно ја проценил ситуацијата – почна да скока низ едно од тркалата и се лизна и падна на подот – изјавил Џек Џеј, менаџерот на циркусот.
@bbcnews He's been taken to hospital with suspected broken bones. #Circus #Acrobat #CircusPerformer #GreatYarmouth #GreatYarmouthHippodrome #Performer #News #BBCNews ♬ original sound – BBC News