Од Министерството за образование и наука доцна вечерва за ТВ21 потврдија дека имало обиди за хакерски напад, но додаваат дека објавените снимки се лажни.

Од Министерството за ТВ21 велат дека објавените видео снимки од страна на Твитер профилот „Моќна грчка армија“ не се земени од министерството, затоа што тие воопшто и немаат безбедносни камери.

Инаку, претходно на Твитер беше објавено видео за кое се тврди дека е од безбедносните камери на министерството.