Моника Каран (43) загина неодамна во сообраќајна несреќа на патот помеѓу Требиње и Љубиње во Босна и Херцеговина. Покрај Моника, која била на совозачкото место во автомобил „Рено Твинго“, во несреќата загинал и возачот Небојша Стојанов од Бања Лука (50). Моника Каран починала на лице место, додека Стојанов починал во болницата во Требиње.
Несреќата се случила при судир на Рено Твинго со комбе „Опел Виваро“, кое превезувало работници на компанијата А.Д. Попово Полe. До несреќата дошло кога возачот на Реното, од засега неутврдени причини, преминал спротивната лента и удрил во комбето со работниците.
Моника Каран стана позната во јавноста откако во 2013-та година Основниот суд во Брчко ја осуди на четири години затвор. Таа беше обвинета и осудена за нечовечки третман кон затворениците од несрпска националност во логорот Лука и во полициската станица во Брчко, во периодот мај – 10 Јули 1992 година. Моника Каран беше една од само неколкуте жени на кои им се судеше после босанската во јна.
Подоцна, Апелациониот суд на округот Брчко ја намали нејзината казна, осудувајќи ја на две ипол години затвор. Поништувајќи ја првостепената пресуда со која Каран-Илиќ беше осудена на четири години затвор, Апелациониот суд ја прогласи за виновна по четири точки, додека ја ослободи од вина по две точки од првостепената пресуда.
Откако се изјасни за виновен за извршени во Брчко против несрпското население, Горан Јелишиќ, познат како Адолф, во 2001 година од страна на Хашкиот трибунал беше осуден на 40 години затвор.
Таа беше во притвор во Бјелина од декември 2011 година, а времето што го помина во притвор беше вклучено во нејзината казна.
Да потсетиме, Моника Каран-Илиќ, родена како Симоновиќ во Брчко, од Бања Лука, беше главниот асистент на Јелишиќ наречен Адолф во логорот Лука. Во тоа време (1992) таа имаше само 17 години. Уапсена е во Приједор на 21 декември 2011 година, каде се криеше под лажното име Наташа Стојанов.
Во 1996 година, Моника се омажи за Жељко Каран од Босанска Дубица, со кого има син.
Небојша Стојанов и Жељко Каран се познаваа и беа во добри односи. Откако двајцата беа во брак неколку години, ги заменија жените! Моника отиде кај Небојша, а неговата сопруга се омажи за Жељко.
Иако беше распишана меѓународна потерница за Моника Симоновиќ, таа без проблеми ја минуваше границата меѓу БиХ и Србија со години и го посетуваше семејството и невенчаниот сопруг Небојша Стојанов, во селото Јожик кај Босанска Дубица, каде што престојуваше кај Стојанов под лажното име на Наташа Стојанов.
-Целото село знаеше која е и често ја гледаа во куќата. Се претпоставува дека еден од локалните жители, ја предал Моника за одредена финансиска награда. Уапсена е по пратење на телефонските повици во куќата во која живеела во вонбрачна врска со Небојша и детето, пишуваа босанските медиуми.
📷
📷
📷
📷