Едномесечен притвор добија Андреа Кајганиќ и Дражен Лазаревиќ, осомничените за убиството на Саша Кулишиќ во Добој. Како што соопшти судот, Кајганиќ и Лазаревиќ се обвинети дека како соизвршители извршиле тешко убиство на подмолен и свиреп начин.

Оттаму додаваат дека осомничените од 29 до 30 јануари по претходен договор делото го извршиле заедно со малолетната ќерка на Кајганиќ, пишува АТВ.

Додаваат дека намерата била Саша Кулишиќ да се зашемети и да заспие. Се додава дека А.К и нејзината мајка претходно му ги давале истите апчиња на Кулишиќ, без тој да знае за тоа.

– Откако почнале да делуваат таблетите и откако оштетениот Кулишиќ заспал, малолетничката ја оставила незаклучена влезната врата од куќата, за што ги известила осомничените кои влегле во куќата – велат од судот.

Се додава дека Кајганиќ и Лазаревиќ и рекле на малолетничката да оди во дневната соба и да ја затвори вратата, за да влезат во просторијата во која спиел Кулишиќ.

-Го врзале така што му ја прекриле главата со сива селотејп трака, а нозете и рацете му ги врзале со јаже и селотејп. Му задале неколку удари од кои крвавел, а потоа го извадиле од дома и со автомобил, караван, го однеле во шумата во непосредна близина на излетничкото место Преслица – соопштија од судот.

Таму, како што се објаснува, со непознат предмет му нанеле четири убодни рани во пределот на стомакот, така што поради тешкиот трауматски и хиповолемичен шок предизвикан од повредата и загубата на крв настапила смрт. Го оставиле така во шумата и се упатиле во непознат правец.