Се самоуби Кристијан Р., кој минатиот петок во Виена со голи раце ги задавил сопругата и ќерката. Неговото тело е пронајдено во Словенија, а мотивот на ова грозоморно злосторство го понел со себе во гроб. Овој 53-годишен менаџер и бизнисмен не оставил ниту проштално писмо, ниту други објаснувања.

Како што потврдија од полицијата, Кристијан се самоубил во саботата, а неговото тело било пронајдено во шума. Бидејќи немал никакви документи со себе, словенечката полиција дури во вторникот го идентификувала.

Не е јасно дали планирал патување до Јадранот, каде што имал брод, или едноставно ја преминал границата од неговото родно место во областа Лајбниц во јужна Штаерска за сам да си пресуди таму.

Да потсетиме, австриската полиција пронајде тела на мајка (51) и ќерка (13) во стан во Виена. Нивните тела беа пронајдени во петокот. По повикот на мајката и бабата на жртвите, полицијата насилно влегла во станот и во предсобјето пронашла две женски тела.