МВР информира дека вчера во 16.10 часот било пријавено дека на патот за с. Арачиново, Скопско, во патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки бил пронајден починат А.И.(50) од с. Сарај, Скопско.

Од страна на лекар од Итната медицинска помош била констатирана смрт без видливи траги на насилство.

Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, а телото на починатиот е предадено на семејството.