Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги за свои потреби си изработи истражување за досегот на радиостаниците и за уделот во вкупната гледаност на телевизиските станици.
Се работи за периодот Април – Јуни 2023 година, а иститот покажува што Македонците најмногу сакаат да гледаат на телевизија.
Од националните телевизии, граѓаните најмногу ја гледаат „Сител“, која има гледаност од 52,88%, а веднаш по неа следуваат и Канал 5 (45,92%), МРТ 1 (24,04), Телма (23,92), Алфа (23,88) и Алсат со (19,04%).
По нив е и 24 Вести со гледаност од 18,04%, што досега може да се заклучи дека граѓаните најмногу следат вести, но и серии (претежно од Турција).
По нив, се наоѓаaт и спортскиот канал Арена (14,63%), како и каналите Fox Life (8,25), National Geographic (7,96%) и Fox (7,83). Во продолжение целата листа со канали: