Изминативе неколку дена на социјалните мрежи кружи видео кое покажува дека во пиењето, како и во се друго, треба да се ужива умерено и одговорно.
На видеото можете да видите како пијан гостин на свадба сакал да ги „нахрани“ младенците со свадбената торта откако тие ја пресекле Младиот човек грабнал грст торта и се упатил кон лицето на младоженецот, но „муниција“ му снема уште пред да му се доближи.
Кога тој обид не успеал, тој повторно се „вооружил“ со торта и се упатил кон невестата. Тортата, сепак, повторно заврши на подот. Младоженецот потоа очигледно нешто фрлил кон него, но тој продолжил да ги раширува рацете и да се глупира.
Гледајќи дека не му оди најдобро разбирањето со гостинот, младоженецот со прецизна десница го „легна“ на подот. Гостинот, кој според видеото изгледа е имун на болка, веднаш станал и почнал да му објаснува нешто на младоженецот.
Бидејќи младоженецот очигледно не бил заинтересиран за дијалог, другиот гостин го оттурнал пијаниот од младоженецот, кој очигледно почнал да се подготвува за вториот круг.
Оригиналното видео беше објавено на социјалната мрежа TikTok од корисникот „@petrovichpetrovich“, а истото на истата мрежа кон крајот на април беше повторно објавено од мајсторот за мешани боречки вештини Мет Мекејб.
– Кога мислиш дека си главниот лик – напиша Мекејб со видеото кое е прегледано стотици илјади пати.
@mccabemilitiamma When u think your the main character. #weddingtiktok ♬ original sound – MATT MCCABE