Во толпа на трибини, еден млад човек, гледајќи го својот омилен бејзбол тим, ја здогледал личноста од своите соништа и сакал да ја запознае. Тоа се случило на натпревар во Чикаго Кабс неодамна.
На трибините видел девојка која многу му се допаднала и сакал да дојде до неа. И нашол начин. Тој ѝ го предал телефонот низ толпата. Кога телефонот конечно стигнал до девојката, таа се насмеала гласно, го внела својот број и му го вратила телефонот на младиот човек.
Watch on TikTok
Видеото набрзо се прошири на социјалните мрежи и стана хит.
„Колку слатко. Еден ден ќе им кажува на децата – вака ја запознав мајка ви”, „Веднаш и даде мобилен со отклучен екран. Ах, тоа е љубов”, „Ова е толку романтично”, „Убаво.Многу ме интересира како ќе им помине првиот состанок“, „Го гледав видеото сто пати и го гледам пак. Многу убаво“, пишуваат луѓето во коментарите.
Во коментарите се огласила и девојка од трибините на која младото момче и го испратило мобилниот телефон низ толпата.
„Здраво пријатели. Ова сум јас во видеото и можам да потврдам дека сум сингл”, напишала девојка по име Оливија Марино. Некои подоцна напишале дека Оливија и младиот човек договориле прв состанок и дека едвај чекале да ги дознаат деталите.
„Сите сте поканети на свадба“, се пошегувала Оливија.