Планинари пронашле човечки останки на планината Болди во Калифорнија и го известиле шерифот на округот Сан Бернардино, објави полициската станица, а пренесува Гардијан. Токму на овие простори во јануари годинава на планинарење исчезна познатиот британски автор Џулијан Сaндс (65).

Откако не се вратил, започнала потрагата во која учествувале десетици припадници на спасувачките сили. Меѓутоа, поради лошите временски услови и мразот, потрагата беше прекината по неколку недели и продолжи кога условите се подобрија. По него трагаа хеликоптери и дронови, но безуспешно.

Инспекторите рекоа дека идентификацијата на посмртните останки треба да биде завршена во текот на следната недела, но тие очекуваат таа да одговара на Сандс.

Џулијан Сaндс

Овој Британец е најпознат по своите телевизиски улоги во популарните серии „Smallville“ и „24“, а на големото платно ја доби главната улога во два дела од франшизата за хорор филмови „Warlock“. Тој живее во Лос Анџелес од 2020 година и има сопруга и три деца. Активно се занимавал со планинарење.