Ивица Пивац, претседателот на Групацијата Пивац, ненадејно почина денеска на 71-годишна возраст, јавуваат хрватските медиуми.

Според информациите на Слободна Далмација, на Пивац му се слошило околу 17 часот на плажа, а починал денеска во доцните попладневни часови на пат кон болницата во Сплит.

Браќата Пивац, Ивица и Невен во родниот Вргорац се занимавале со преработка и увоз на месо. Бизнисот тргна во нагорна линија во раните осумдесетти, кога нивната месарница во Вргорац ја открија ресторани и хотелиери на Макарска, кои дојдоа во Вргорац да купат месо.

Компанијата „Месна индустрија Браќа Пивац“ била подеднакво раководена од тројца браќа – Тончи, Ивица и Невен. На чело на компанијата беше дипломираниот агроном Ивица Пивац, кој имаше успешна кариера и како комерцијален директор во винаријата Вргорачка.