На 60-годишна возраст денеска почина познатиот романски и балкански бизнисмен Силвиу Пригоана. Според романските медиуми, нему ненадејно му се слошило додека ручал со пријатели во ресторан.
Првично не беше објавена причината за смртта на Пригоана, но според неофицијални информации, се работи за срцев удар. Тој беше пратеник во романскиот парламент и мнозински сопственик на голема компанија за управување со отпад. Важеше за контроверзна личност, особено во последните неколку децении.
Откако стана сопственик на позната медиумска компанија и најголемиот дел од своето богатство го стекна во медиумите, тој влезе во политиката.
„Тој беше наш редовен муштерија, доаѓаше барем еднаш неделно. Ми изгледа како да имал мозочен удар. Нашите колеги се обидоа да му помогнат, како и луѓето кои беа на масата со него. Сите дадоа сè од себе“, изјави менаџерот на ресторанот.
Романските медиуми пишуваат дека тој влегол во медиумскиот бизнис во 2001 година. Потоа ја основа ТВ Реалитатеа, а две години подоцна ја основа ТВ Спорт, па ТВ Етно и Тараф ТВ.