Околу 22 часот е уапсен Самир Диздаревиќ кој денеска пукаше со автоматска пушка во градот Шуматац кај Велика Кладуша, неофицијално дознава порталот „Аваз“.
Тој е лишен од слобода во областа Велика Кладуша.
Потсетуваме, како што претходно објави порталот „Аваз“, Диздаревиќ допатувал од Соединетите Американски Држави, а се се открило кога маж разговарал со него преку видео повик, при што почнал да пука.
Човекот го пријавил 40-годишникот во полиција, а подоцна пристигнала друга пријава дека пукал во близина на воденицата Шемиќ.
Диздаревиќ во понеделникот изнајмил БМВ х5 со кое по пукањето бил забележан на улицата Прва Муслимска Бригада, но не застанал за полициска патрола и побегнал на непозната локација.
По втората пријава дека е во близина на воденицата Шемиќ, полицијата излегла на терен, но не нашла траги. Тој конечно беше уапсен вечерва.