Со жалење ја примив веста за прераната смрт на мојот пријател, но и пријател и поддржувач на ВМРО-ДПМНЕ, Søren Pape Poulsen. Тој беше лидер на конзервативната партија на Данска и поранешен министер за правда во оваа држава, напиша градоначалникот на Аеродром Тимчо Муцунски на социјалните мрежи.
– ВМРО ДПМНЕ изгуби голем пријател, а граѓаните на Данска вешт, искрен и посветен политичар. Упатувам искрено сочувство до семејството, граѓаните на Данска и неговата партија, напиша Муцунски.