Политицијата успеа да го среди сообраќајниот хаос во Маврово, соопштија од МВР. Од таму повикуваат да се почитува сообраќајниот режим и да не се патува без соодветна зимска опрема.

-За да не се повтори синоќешната состојба во Маврово, каде што ОВР Гостивар дополнително ангажираше дваесетина полициски службеници од другите полициски одделенија за да физичко регулирање и расчистување на сообраќајот, кое траеше со до 21.45 часот, МВР апелира до граѓаните, да ги почитуваат сите правила и прописи во сообраќајот, да не ги паркираат нивните возила на коловоз, да ги почитуваат наредбите од полициските службеници во врска со поставувањето на сообраќајниот режим, и да се движат согласно предвидените правила, да не тргнуваат во правец на овие локалитети со летни гуми и без соодветен зимска опрема, затоа што на тој начин го попречуваат нормалното одвивање на сообраќајот и бараме од возачите да придонесеме сите заедно за безбедноста во сообраќајот но и општо целата безбедност за да не се доведеме повторно во слична ситуација, велат од МВР.