Министерството за внатрешни работи попладнево влезе во Академијата за судии и јавни обвинители.
Според официјалната кратка информација од МВР за Фокус, се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеја од веќе избрани судии и обвинители.
-МВР – Одделот за Крим полиција и Одделот за сузбивање на организиран криминал постапува по Наредба на Судија на претходна постапка, а по барање на Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.
Се одземаат електронски податоци од компјутерски системи, мобилни телефони и досиеаја од веќе избрани судии и обвинители. Дејствијата се во тек, велат од МВР.