Почина пожарникарот-спасител од Неготин и водач на Специјалистичка екипа за спасување од урнатините на Противпожарната и спасувачката единица во Бор, Милан Младеновиќ, соопшти српското МВР.
– Прерано не напушти, со што МВР загуби врвен професионалец и вистински херој – се наведува во соопштението на МУП и се додава:
– Изразуваме најдлабоко сочувство до семејството, а ќе го паметиме како исклучителен колега и пријател, кој го докажа своето знаење и искуство водејќи го својот тим во Турција по разорните земјотреси.