Пет лица починале од коронавирус во Црна Гора за 24 часа, а 1.678 биле заразени, соопшти денеска Институтот за јавно здравје на Црна Гора. Има вкупно 15.097 активни случаи на Ковид-19, од кои една третина се во Подгорица.

Поради актуелните епидемиолошки мерки и препораки на здравствените власти, училишниот распуст се продолжува за седум дена, а второто полугодие ќе започне на 31 јануари, соопшти Министерството за образование, наука, култура и спорт (МПНКС).

Одложување на почетокот на работата на образовните институции препорача Министерството за здравство, од каде соопштија дека наставата и понатаму ќе трае 30 минути, со задолжително носење заштитни маски.

Од почетокот на епидемијата, регистрирани се 200.535 случаи на заразени со коронавирус, а починале 2.465 пациенти со Ковид-19.

Досега 44,4 отсто од населението се ревакцинирани против круната, додека само 13,5 отсто се имунизирани со третата доза.

Во Македонија денеска 1.732 нови позитивни случаи

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 6.928 тестови, а регистрирани се 1.732 нови случаи на КОВИД-19:

Скопје – 788, Битола – 159, Прилеп – 95, Куманово – 79, Охрид – 57, Кавадарци – 47, Велес – 45, Кичево – 38, Тетово – 35, Штип – 34, Струмица – 33, Ресен – 31, Гостивар – 30, Неготино – 29, Гевгелија – 27, Кочани – 26, Радовиш – 24, Делчево и Крушево – по 20, Струга – 18, Валандово – 16, Демир Хисар – 14, Свети Николе – 13, Берово – 12, Богданци – 11, Крива Паланка – 10, Пробиштип – 5, Дебар, Виница и Кратово – по 3, Македонски Брод, Демир Капија и Македонска Каменица – по 2, Пехчево – 1 .

Од вкупниот број на позитивни (1.732), регистрирани се 204 реинфекции. Регистрирани сe 1.035 оздравени пациенти од: Скопје – 659, Битола – 114, Прилеп – 52, Кавадарци – 32, Штип – 22, Куманово – 18, Тетово – 11, Охрид, Струмица и Неготино – по 10, Ресен, Гевгелија и Струга – по 9, Гостивар и Радовиш – по 8, Велес и Богданци – по 7, Крушево и Крива Паланка – по 6, Пробиштип – 5, Кичево, Делчево, Валандово и Демир Хисар – по 4, Кочани – 3, Свети Николе – 2, Демир Капија и Пехчево – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 7 починати лица: по 2 починати лица од Скопје (68г и 88г) и Велес (57г и 83г) и по едно починато лице од Прилеп (84г), Кавадарци (69г) и Свети Николе (79г). Пријавените лица се починати во болнички услови.

Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 6 починати лица, од Скопје (3), од Охрид (1), Кавадарци (1) и Куманово (1), на возраст од 0-91 година. Регистрираните се починати во период од 24.12.2021-11.01.2022. Од починатите лица, 4 се починати во болнички, а 2 лица во домашни услови.

Направени се 6.928 тестови преку: ИЈЗ-448, ЦЈЗ Скопје-98, ЦЈЗ Битола-113, ЦЈЗ Прилеп-58, ЦЈЗ Тетово–19, ЦЈЗ Куманово-90, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-3, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-23, УК Пулмологија со алергологија –0, ГОБ 8-ми Септември-0, Институт за микробиологија–186, Жан Митрев (Филип Втори)-184, Авицена-243, Биотек-430, Систина-122, лабораторија Лаор-168, Синлаб-51, Ремедика-14, Плодност-122, Генеа-18, Никоб Лаб-683, ВФВ Медикал-448, Ели Медика-21, Ројал Медика–42, Спектра-ММ-34, Рапид Лаб–48, Жан Митрев Струмица–35, Нова Лаб Дијагностика–15, Рамус-32, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 3.180. Досега во земјата се направени вкупно 1.692.991 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 241.651, бројот на оздравени пациенти е 218.340, на починати е 8.083, а бројот на активни случаи изнесува 15.228.