Српските медиуми потсетуваат на едно од најмонструозните злосторства што го потресе Нови Сад. Горан Јанковиќ (38), троен убиец од Нови Сад, пред три години со боздоган брутално ги убил сопругата Мирјана (32) и нејзините родители Бранислав (63) и Нада (57).

Јанковиќ во раните утрински часови ги убил сопругата и нејзините родители во семејната куќа во населбата Телеп во Нови Сад, каде несреќната Мирјана се засолнила со синовите на возраст од 3 и 10 години од насилниот сопруг, на кој му било забрането да пристапи и комуницира со сопругата поради семејно насилство.

На кобниот 24.05.2019 година влегол во куќата на родителите на Мирјана и прво го убил нејзиниот татко Бранислав, а потоа и сопругата Мирјана. Нада, мајката на сопругата, ја убил во дворот од куќата кога таа тргнала по него.

Пред да го напушти местото на злосторството, тој им се заканил на синовите, пред кои го извршил грозоморното злосторство, дека никому не смеат да кажат дека е во куќата, а потоа побегнал. Тој три дена ја успешно се криеше од полициската потера криејќи се на брод на островот Рибарски во Нови Сад.

Откако беше уапсен, на рочиштето без трошка каење ги раскажа деталите за крвавото злосторство.

– Ноќта пред злосторството ја поминав во кафеана. Се вратив дома околу четири часот наутро и се разбудив околу шест и триесет. Нешто ми кликна во главата и решив да отидам кај жената со намера да ѝ се одмаздам ​​затоа што ме пријавила за насилство.

– Најпрвин ги убив дедото и тештата со боздоган, а сопругата ја претепав и задавив. Целиот гнев го истурив врз неа – ладнокрвно зборуваше тогаш Јанковиќ и додаде дека гневот што го чувствувал го навел на убиство затоа што сопругата Мирјана го пријавила за семејно насилство, поради што му била одредена забрана за приближување.

Казната за злочинот не ја дочека, бидејчи во февруари 2020 година крена рака на себе. Тој се обесил во ќелијата на окружниот затвор во Нови Сад.

Изгледале како среќно семејство

Соседите биле шокирани кога се случило злосторството, бидејќи изгледале како многу младо и среќно семејство со две деца… посебно кога се во прашање фотографиите на социјалните мрежи… Млади, насмеани, среќни… Двајца убави и млади родители на две уште поубави деца…