Веќе на големо низ чаршијата во Скопје се зборува дека познатата албанска пејачка Туна Сејдиу се развела од сопругот Патрис.

Како што се зборува, бракот помеѓу пејачката и музичарот од Косово подолго време не функционирал, па Туна била таа која се решила да стават крај на нивната љубовна романса.

Од бракот, тие ги имаат двајцата синови Тиан и малиот Зен.

“Да, Туна веќе подолго време не е со Патрис. Тие живеаа на релација Скопје-Приштина, но Туна веќе некое време како живее тука, а од неодамна купи луксузна куќа во скопската населба Визбегово“ – ни изјави извор близок на пејчката кој сакаше да остане анонимен, објави порталот Убавина и здравје.

Инаку ова на Туна и беше втор брак. Таа пред неколку години првпат се омажи за бизнисменот Рилинд Река, но бракот помеѓу нив траеше кратко.

📷